Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Како последица од Ковид 19 денеска згасна уште еден млад живот. Со големо жалење ја примив веста за смртта на младото 28 годишно момче од Охрид. Упатувам сочувство до неговото семејство и до сите наши сограѓани кои изгубија свои блиски како последица на пандемијата. Исто така упатувам пораки за добро здравје и трпение до сите сограѓани кои во моментот ја водат битката со вирусот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Уште еднаш апелирам за максимално почитување на актуелните мерки за заштита и превенција. Да бидеме внимателни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.