Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Основниот суд Скопје 1 денеска му изрече една година затвор на офталмологот Дејан Ставриќ, под обвинение дека примил мито за обезбедување инвалидска пензија на еден пациент.
На Ставриќ му е укината мерката притвор до правосилноста на пресудата, но пасошот му е земен и има забрана за напуштање на државата. Ставриќ беше притворен во полициска акција, по која беше соопштено дека примил две илјади евра за посредување во корист на пациент за добивање инвалидска пензија.