Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Врз основа на Одлуката за збратимување на Охрид и полскиот град Огроџењец која беше донесена од страна на Советот на Општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески и градоначалничката на Огроџењец, Ана Пиларцук вчеравечер на пригоден настан, потпишаа Договор за партнерска соработка.
Целта на договорот е развивање и зајакнување на пријателските врски помеѓу двете локални самоуправи и воспоставување на заедничка соработка. Договорот вклучува размена на искуства кои се однесуваат на функционирање на локалната самоуправа и иницирање на заеднички цели за развој.
Исто така, договорот опфаќа културно туристичка размена и презентација на традицијата и културните богатства на двете општини, како и развој на трговско економската и научно техничката соработка.
Одлуката за збратимување и договорот за партнерска соработка беа иницирани од страна на полскиот град Огроџењец, во рамки на официјалната средба со претставниците на пошироката полска делегација, која деновиве престојуваше во работна посета на Охрид. Во рамки на посетата полските гости остварија бројни работни средби со претставници на општинската администрација и бизнис секторот.