Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски “ се одржа настан кој е дел од кампањата„СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.
На настанот присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.
Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид.