Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во тек се подготвителните активности за почеток на втората фаза од изградбата на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“. Надлежните служби при општина Охрид веќе го расчистуваат теренот и ја одбележуваат трасата по која ќе се движи патеката.
По завршување на овие активности ќе започнат земјените работи односно ќе се поставува комплетната инфраструктура потребна за овој дел од патеката .
Во првата фаза од реконструкцијата на патеката беа опфатени 210 м. Проектот со задоволство и воодушевување беше прифатен од охриѓани и гостите кои се рекреираат на најмодерната, пешачка, велосипедска и патека за ролери уредена по најсовремени стандарди. На просторот уредно се одбележани патеките за велосипеди, ролери и пешачката зона. Просторот е хортикултурно уреден и автентично осветлен.
Реконструираната патека значително ќе го подобри изгледот на тој дел од Охрид.