Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод верскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, во која посакува, празникот да го прослават во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.
–– Празнувањето на Курбан Бајрам, поминете го со пораки за добро здравје , среќа и бериќет во семејствата . Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности– се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на Курбан Бајрам .