Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 11.06.2016 год. (сабота) и 12.06.2016 год. (недела ) и 13.06.2016 год. (понеделник ) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, и течението на Коселска река и Грашница.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. .
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.