Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Никола Бакрачески учествува на годинашната Дунавска конференција за водите, што денеска и утре се одржува во Виена, Австрија.На конференцијата, на која има 160 учесници од 15 земји се разговара за одржлив развој на Дунавскиот басен и за обврските за хармонизирање на домашните законодавства на земјите кандидатки со европските стандарди предвидени во основниот документ за заштита на водите, Europian acquis comunauture.
Посебен акцент, на конференцијата ќе биде ставен на прашањето како владите и невладините организации на национално и локално ниво можат да го зајакнат процесот на придружување и членство во Европската унија.
Конференцијта ја организираат Дунавската програма за вода ( IAWD), Светска банка и Отворениот Регионалн Фонд за Југоисточна Европа “GIZ”, а е спонзорирана од владите на Австрија, Германија и Швајцарија.