Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во спортската сала на ЈП Билјанини Извори во Охрид беа доделени медалите на Светското кадетско првенство во ракомет за жени.
Со злато се закитија ракометарктие на Романија, сребро освоија ракометарките на Германија, а бронза освои Данска.
– Посебно беше задоволството за нас како град да бидеме организатори на оваа светска манифестација која помина на највисоко организациско ниво и покажа дека градот Охрид е подготвен покрај културните манифестации од светски ранг, благодарение на реорганизираното ЈП Билјанини Извори, покажавме дека сме подготвени да организираме настани и манифестации од спортот кои го презентираат градот во светот. Ваквите големи спортски настани се и едена прилика градот да се промовира во светот, бидејќи медиумскиот интерес за настанот е голем, а истиот се емитуваше на повеќе телевизии низ Европа, што секако е една голема промоција за Охрид. Големи промотори ќе се и самите ракометарки и другите лица од репрезентациите кои се надеваме дека нашиот град го понесоа во најдобар спомен кој ќе го пренесат во нивните земји. Уште поголемо е задоволството што на трибините видовме дека се вееја знамиња на странски земји и публиката во салата беше составена најмногу од странци- изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.