Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Казни за правењето зимници на јавни површини
Според законот за јавна чистота поставување ќумбиња на отворено , палење оган и оставање неред е казниво дело . За вакви дела казната е 50 евра . Законот е стапен на сила од 2008 година , а од тогаш до сега се зголемува свеста кај граѓаните и тие се придржуваат до правилата и прописите .
Законот за јавна чистота се однесува на одржувањето на хигиената на јавните простори , тоа значи дека со него се пропишани оние правила на однесување со цел да се заштитат јавните површини и чувањето на хигиената .
Во оваа смисла законот забранува секаков вид на производство , па во таа смисла и правењето ајвар е производство на отворени и јавни површини кои се со закон утврдени . Ова нее забрането доколку се врши на места кои не се дефинирани согласно законот како јавни површини што значи на места кои што се приватна сопственост вели Драган Симоноски потпарол на Министерството за транспорт и врски .