Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска присуствуваше на презентација на „Муни“ апликацијата со чие воведување би се овозможило поголема интеграција меѓу општинските сектори и јавните претпријатија во насока на подобра и поквалитетна комуникацијата со граѓаните.
Системот за комуникација е составен од три подсистеми кои може да функционираат независно или сплотени во еден.
Апликацијата за граѓаните ќе биде достапна на нивните смарт телефонски уреди кои на таков начин ќе може да плаќаат месечни сметки за различни видови комунални давачки или да се обраќаат директно до општинските служби кои се задолжени за решавање на конкретниот проблем.
„Муни“ системот за комуникација меѓу општинските служби и граѓаните во моментов одлично функционира во Љубљана, Р. Словенија.