Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Излезноста до 13 часот на првиот круг претседателски избори е нешто помалку 20 %, поточно 19,89% соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугуческа на прес-конференција.
Од вкупниот број на избирачи 1.808.131, своето право на глас до 13 часот го оствариле 344.784 гласачи.
Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 15:30 часот, кога ќе се кажуваат податоците за излезност до 15 часот.
Во Охрид до 13часот гласале 13.708 граѓани , односно 26,7%
Најголема излезност има во Прилеп 35,05%, во Новаци 33,12, Свети Николе 31,10, Неготино 29,02, Пробипштип 30,62, Ранковце 30,63, Демир Капија 32,75 проценти, Кратово со 30,53%, Вевчани со 29,54 проценти од гласачите
Најмал број избирачи излегле во Липково 5,43, Желино 6,62, Врапчиште со 7,5 проценти.
На сите гласачки места гласањето тече без проблеми. Само едно гласачко место, 2344 во Студеничани не е отворено и таму гласањето денеска нема да се одржи.
И гласањето на вонредните локални избори за градоначалници во Охрид, Ново Село, Дебар, како што соопштија од ДИК се одвива исто така мирно без проблеми.