Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности , сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат подолунаведената документација и тоа:
За постојани жители на стар дел од град Охрид
Правни лица
Жители кои немаат постојана адреса во стариот дел од градот
Станоиздавачи
Туристи
Сите баратели кои ги исполнуваат наведените услови ќе може да извршат пререгистрација на картичките секој работен ден во временски период од 08:30 до 11:00 часот почнувајќи од 12.06.2019 година во Општина Охрид – Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици соба број 9 на втор кат ( нова зграда).
Картичките ќе ги издава Комисија формирана од страна на Градоначалникот, во која покрај лица вработени во Одделението за сообраќај има и преставници од УЗ Стар Град.