Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Општина Охрид за Новата 2020 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 16 до 27. 12.2019 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди;
Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:
При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.
Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.
1. Име и презиме ________________
2. Улица и број ________________
3. Место ________________
4. Контакт телефон ______________
Охрид, ________ 2019
Подносител, __________