Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во наредниот период ќе се одржат два лидерски форуми во рамките на проектот на ОДИХР за стимулирање на политичко учество на младите во регионот на ОБСЕ.
Првиот од двата настани ќе се одржи во Варшава на 16 и 17.06.2014 година, со учество на млади лидери од Југоисточна, Централна и Западна Европа,како и од Северна Америка, додека пак вториот настан е наменет за млади лидери од ИСточна Европа, Централна Азија, Монголија и Јужен Кавказ. Одржувањето на вториот форум зависи од прибирањето на доволен фонд на финансиски средства.
Двата настани се отворени за млади лидери на возраст од 25 до 35 години и заинтересираните кандидати треба да аплицираат на веб страната http://www.osce.org/odihr/117101.
Трошоците за учество на одбраните кандидати се на товар на ОДИХР. Крајниот рок за пријавување е 16 мај 2014 година
По прифаќањето на апликацијата од страна на организаторот, Ве молима да ја проследите информацијата до канцеларијата за односи со јавност при Агенцијата за млади и спорт на емаил: tanedimovski@yahoo.com.