Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Деновиве започнаа да се изведуваат подготвителни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс”.
Во моментов се работи на преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски столбови.
Проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 13 милиони денари.