Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Пред неколку часа почина првиот маж од коронавирус во Кикинда, Србија, кој имал 59 години, соопштено е на конференција во српската влада.
Тоа го соопштила премиерката Брнабиќ и рекла и дека синот на мажот кој починал е во тешка состојба.
– Коронавирусот секако не е единствената болест со која се борел овој човек. Строго да ги почитуаме мерките за самоизолација бидејќи тоа е единствената шанса луѓето да се изборат и заедно да го победиме вирусот, рекла Брнабиќ.
Таа дополнила дека Владата додатно ќе ги заостри мерките за забрана за движење.
– Од утре престанува јавниот превоз со работа, а од недела ги затвораме рестораните, кафулињата и трговски центри. Во овој момент опасноста е голема, притисокот на медицинските работници е голем, рекла Брнабиќ.