Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Деновиве се изведуваат работни активности за промена на дограмата во училишната работилница во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од Министерството за образование и наука во соработка со Општина Охрид, како дел од Проектот за поставување на современа енергетски ефикасна фасада на училишниот објект.
Градежни активности за поставуавње на новата фасада се одвиваат интензивно и до сега е извршено фасадирање на една половина од објектот. Претходно, во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.
Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници и ќе се врши комплетна реконструкција на внатрешните ѕидови на целиот објект.