redakcija

redakcija

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „КОНРАД – АДЕНАУЕР“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со  официјалниот претставник на германската    фондација „Конрад- Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија,  Давор Пашоски. Целта на средбата беше    запознавање на германската делегација  со тековните и планирани проекти на…

Основните прехранбени производи од денес се продаваат со 0% ДДВ

Од денес основните производи се продаваат со 0% ДДВ. „Би требало да има целосно намалување на делот на ДДВ-то за основните прехранбени производи, затоа би сакал да ги повикам и граѓаните да купуваат со фискални сметки заради тоа што таму…

ДЕМИР ДАЛИП РЕАЛИЗИРА СРЕДБА СО ЗАМ.АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ЏУЛИЈАН ВАСАЛО

Демир Далип, предводник на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, реализира средба со Зам.Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Н.Е. Џулијано Васало. Средбата била конструктивна, на која се истакнало,за најкруцијалните проблеми со кои се соочуваат припадниците на етничката заедница на ЕГИПКАНИ. Во…

Учениците од основните училишта да не носат маски, предлага Комисијата за заразни болести

На денешната прес конференција на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците. „Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема…

ОДРЖАНА ВИЗИОНЕРСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНАТА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА 2022-2042

Во рамки на проектот поддршка за развој на Република Македонија 2022-2042  – Национална стратегија организирана од UNDP, денес, се одржа визионерска работилница за изработка на Националната развојна стратегија. На работилниците учествуваа претставници од општините од Југозападниот плански регион.

ВТОРА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората  седница на Советот за  развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои  Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за…

АНГАЖИРАНИ НАСТАВНИЦИ ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧЕТВРТО И ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска, им ги врачи договорите за ангажирање на осум наставници по физичко и здравствено образование кои како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение. Согласно законот за основно образование…

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија пред малку објави нови цени на нафтените деривати.Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе…

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, ДКСК бара експресна постaпка

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова…

ОДРЖАНА ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Советот на Општина Охрид, денес ја одржа својата деветта седница. На дневен ред имаше 84 точки, кои во најголем дел се однесуваа на годишни извештаи за работа на општинските служби и јавни претпријатија и финансиските извештаји на образовните институции. Вообичаено…