Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
ЈП „Колекторски систем“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од 10.03.2020 ќе се започне со работни активности за санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување (CIPP-технологија) и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин…
Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD. Во рамки на проектот, во месец мај 2020 година, во Општина Охрид ќе биде организирана дводневна…
Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид започнаа активностите за практични обуки на тема вклучување на локалните жители во креирање на туристичката понуда и сегментот на агротуризам и стандарди во агротуризмот. Обуките се дел…
Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“. Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено…
Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти. Доколку дозволат временските услови проектот се очекува да заврши…
Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа…
Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве вршат пролетно уредување на дрворедот на улиците „Македонски Просветители“, „7-ми Ноември“ и на дел од булеварот „Туристичка“. Се врши кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки и се врши…
Општина Охрид ќе биде дел од проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини и Град Скопје. Имплементацијата на проектот стартуваше денеска, со потпишување на Меморандум за…
Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари. Природните потенцијали, уникатното културно богатство и…
Фудбалерите на Охрид запишаа нова победа во зимските подготовки, откако во генералната проба пред почетокот на пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига со убедливи 3-0 го совладаа тимот на Питу Гули. Сигурната победа на „рибарите“ ја најави Ромео Кочоски со погодок…