Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
По повод одбележувањето на јубилејот 95 години од смртта на револуционерот Петар Чаулев, денеска во Спомен куќата на Христо Узунов се одржа историски час. За ликот и делото на Чаулев, пред дел од неговите потомци и ученици од охридските училишта,…
Во рамки на активностите за подобрување на условите за следење настава, деновиве во новиот објект на ОУ “Григор Прличев“ е променета старата со нова висококвалитетна дограма. Нови прозорци се поставени во седум училници, пет кабинети и две стојалишта на првиот…
По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија. –Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од турска…
Со пригодна свеченост денеска во Охрид беше ставена во употреба Административно деловната зграда во која е сместен затворениот зелен пазар. Реализацијата на проектот значи крај на долгогодишниот проблем на пазарџиите кои својата дејност ја реализираа во неадекватни услови за работа.…
Со пригодна свеченост денеска во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува…
Денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада, Џенифер Литлџон. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид. Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна…
Познати се добитниците на студентски стипендии за академската 2019/2020 година по објавениот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид д-р Константин Георгиески. Добитниците се известуваат во период од 23 декември до 25 декември 2019 година да дојдат во малата сала на Општина Охрид, заради потпишување…
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште деновиве се изведуваат работни активности за асфалтирање на дел од тротоарот на булевар „Туристичка“ во потегот на крстосницата со улица „Стив Наумов“. Овие активности се финансирани од Буџетот на Општина Охрид.
На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски. Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020…
Јавното претпријатие „Градски гробишта“, денес започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на улица „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“. Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавен програм на…