Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Од утрово екипи на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште.
Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.
Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.