Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 год. (Недела) и 02.06.2014 год. (Понеделник), екипите на Центар за јавно здравје – Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот, со апарат за ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег од река Грашница до Коселска река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
За сите информации и прашања е отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046/ 231-881 и 046/ 230-231