Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во организација на општина Охрид и амбасадата на Израел, вечерва на Малиот плоштад кај „ Долна порта“, свечено беше отворена изложбата на фотографии „ Скокаме заедно“ . На отворањето на изложбата се обрати претседателoт на Советот на општина Охрид.
Упатувам искрена благодарност до израелскиот амбасадор Дан Орјан, осведочен вљубеник во Охрид, кој помогна оваа поставка да ја видиме не само ние туку и бројните , пред се странски туристи. Уште поимпресиво е тоа што неговата екселенција Дан Орјан е дел од социјалниот проект за инкорпорирање на младите со попреченост, од чии активности се произлезени овие фотографии.
Голем скок е кога дипломат и амбасадор кој носи одело и вратоврска, кој има многу службени обврски, да стане израелски првак во капуера, древен спој на боречки вештини, музика и танц, и таа пасија заедно со многу водачи на неформални групи да ја стави во функција на поддршка на младите со посебни потреби.
Целта на нивниот заеднички скок е да ги вклучат младите со посебни потреби, да ги мотивираат и да ги научат дека се неразделен дел од општествената заедница и дека имаат право на нивни скок.
Сите ние, преку продлабичениот поглед на овие фотографии, имаме ретка можност да се побараме себеси и да ја пронајдеме пораката за нашите обврски. Нашите обврски мора да бидат во духот на взаемно разбирање и почит кон различностите, уривање на стереотипите и креирање на нов однос за реалноста во која живееме.
Овие прекрасни животни фотографии нека ни бидат мотив сите заедно, но и секој поединечно да направиме скок, да ги почитуваме различностите и да градиме амбиент на општествена одговорност за целосна инклузија, особено на лицата со посебни потреби
Оваа изложба пред два месеци за прв пат беше отворена во Претседателската градина во Израел и доби награда за специјален придонес за развој на општеството, а беше претставена и во Виена, Нови Сад и Скопје.