Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.
Нови подни облоги од пвц материјал се поставени во сите училници, кабинети и канцелариски простории, со вкупна површина од околу 1000 м2. Оваа инвестиција беше дел од Програмата за образование на Општина Охрид за 2020 година и за нејзина реализација од општинскиот буџет беа издвоени 1,3 милиони денари.
Со цел да се овозможи поголема функционалност на он-лајн часовите за учениците од ова средно училиште, деновиве беа набавени 20 нови десктоп компјутери. Набавката на компјутерската опрема исто така е овозможена од буџетот на Oпштина Охрид со 400.000 денари.
Во текот на изминатиот период во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ беа споведени низа реконструктивни зафати со кои значително се подобрија условите за одвивање на наставата. Беше поставена нова енергетски ефикасна фасада, се изврши промена на покривот, поставена е нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории, поставено е ново лед осветлување и беше извршена реконструкција на сите внатрешни ѕидови во училиштето.