Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
По поројниот дожд кој денес го зафати Охрид ЈП „Нискоградба“ мораше со работници и опрема
да интервенира на места каде заради запушена фекална канализација се појавија проблеми.
Се интервенираше на улицата „Никола Карев“ каде со големи напори успешно се прочисти запушената
фекална канализациона цевка во која работниците на „Нискоградба“ со сајли скоро еден час се обидуваа
да извлечат топката која несовесни граѓани ја фрлиле во шахтите.Покрај топката несовесните луѓе
каналзиацијата ја наполнале и со крпи, хигиенски влошки , а како најголем проблем од ЈП „Нискоградба“
ги посочуваат влажните марамчиња кои голем број граѓани и покрај апелите упорно место во канта за
комунален отпад, ги фрлаат во канализациониот систем.