Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Денес околу 13:20 часот во приватна куќа на улицата „Беќир Али Риза“ во Охрид настанал пожар на оџакот, кој потоа се проширил кон кровната конструкција на куќата.
Веднаш по дојавата за појава на пожар, екипи од Територијалната противпожарна единица од Охрид, со две возила се упатиле со цел итна интервенција. Пожарот бил од помал обем, но се проширил и биле испратени дополнителни екипи, посочуваат од охридската пожарна.
Пожарникарите се на терен и делуваат на локализирање на пожарот.
Дополнително ќе се испитуваат причините поради кои настанал пожарот.