Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Денеска, во рамки на чествувањата посветени на „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Заштитникот Охридски Светителот „Климент Охридски“. Цвеќе положија и делегации од збратимените и пријателски градови, претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од охридската гимназија и битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.