Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.
Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ ( кое е објавено на општинската страна или може да се подигне во просториите на Секторот за ТЛЕР ).
Физичките лица кон БАРАЊЕТО треба да ја приложат следната документација:
– УВЕРЕНИЕ за оспособеност за управување со чамец
– ПЛОВИДБЕНА ДОЗВОЛА
– Осигурителна полиса (осигурување од повреда и смрт)
Подетални информации може да добиете во секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 046/230 175.