Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.
На работниот состанок на кој присутвуваа и претставници на невладиниот сектор се разговараше за заедничките интереси кои ги имаат трите крајбрежни општини на Охридското Езеро. Особено беа потенцирани темите oд областа на туризмот, животната средина и зачувувањето на светското природно и културно наследство.
Тројцата градоначалници ја истакнаа потребата од воспоставување на поголема соработка и креирање на заеднички проекти со кои би се аплицирало на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија, за периодот од 2021 до 2027 година.
Исто така, на состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за крајбрежјето и за целокупниот развој на прекуграничниот регион кои би овозможиле поголеми придобивки за граѓаните.