Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта. Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.
Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.