Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
По претходно изготвен проект, денес, на кружната крстосница кај Општата болница, започнаа градежни активности за целосна реконструкција. На почетокот на активностите за реконструкција, беше и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.
Поради лошата состојба во која се наоѓа кружната крстосница, подолг период претставуваше критична точка по безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Со проектот предвидено е поставување на нов асфалт на самата крстосница, како и до 30 метри на улиците кои се сечат со крстосницата. Понатака предвидено е реконструкција на одморалиштата и комплетно ново хоризонтално и вертикално обележување.
Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува повеќе од 2 500 000 денари, а зафатите ги изведуваат АД „Илинден“ и „Виадукт трејт“.