Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ„Христо Узунов“.
Во рамки на раконструкцијата ќе биде извршена промена на водоводната инсталација, ќе биде поставена нова санитарна опрема и плочки.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Според планираното, во текот на наредниот период во ова основно училиште ќе биде извршена целосна промена на дограмата и ќе бидат реконструирани подовите во сите училници. Минатата година, со средства на Општина Охрид беше извршена промена на покривот на училиштето.