Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Пратеникот Владимир Ѓорчев кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп, се обрати преку видео до македонските граѓани на кои им порача дека за Македонија треба да се бориме од Вашинготн до Виница, од Берлин до Брвеница и дека секаде е важно силно да се претставува Македонија.
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, ја продолжува неговата пракса да оди низ повеќе општини во Македонија, како дел од неговата кампања.
Ѓорчев претходно на Фејсбук сподели дека лично се познава со 30-тина конгресмени, како и со десетина сенатори.
-Како претседател на Македонија се обврзувам дека групата во Конгресот на САД за пријателство со Македонија ќе дојде до најмалку 70 конгресмени во првата година, а најмалку 100 конгресмени до крајот на мандатот. Во Сенатот ќе обезбедам најмалку 10 сенатори кои ќе бидат дел од групата за поддршка на Македонија.Македонија мора да има многу пријатели каде што се носат најважните одлуки за светската политика, напиша Ѓорчев.
Сериозен против кандидат на Ѓорчев е професорката Гордана Силјановска,која изминатиов период оди низ партиските штабови на ВМРО ДПМНЕ и ги убедува да ја гласаат за Кандидат за Претседател на Република Македонија.