Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
По налог на Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, вчера ЈП “Градски гробишта “ започна со поплочување на двата тротоари на улицата “Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка “Росица“ во населбата Лескајца.
Поплочувањето е на површина од 300 метри квадратни а во акцијата е предвидено и поставување на парковски ивичници и островца околу уличните дрва.
Акцијата на поплочување на предвидената површина на двата тротоари се очекува да заврши идната недела , со можност веднаш после тоа доколку наложи Секторот за комунален развој сообраќај и улици истата да продолжи по останатата површина од тротоарите.