Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во предвидениот рок за кандидирање на претседател на СДСМ Охрид , доставени се 7 кандидатури и еден предлог .
Дознаваме дека предлогот е од Томислав Тунтев директорот на АЦВ и предложен е Ѓоко Алче брат од поранешниот директор на Комуналец Сашо Алче .
Оваа недела сите кандидати се повикани на интервју Скопје и во текот на следната недела ке се дознае кој ке го води СДСМ Охрид следните четири години.
ОхридВест дознава дека за претседателското столче на Сдсм Охрид прашани биле и ” ОХРИД ПРЕД СЕ “, генералниот секретар имал и средба со претставници на “ОХРИД ПРЕД СЕ” каде се очекувало обединување и нивно враќање во партијата .
” ОХРИД ПРЕД СЕ ” на локалните избори освои 1979 гласа а разликата помеѓу Вмро и Сдсм беше 1962 гласа , што значи ” Охрид пред се ” ке има значителна улога во решавањето на претседателот Охрид .
Исто така дознаваме дека една од кандидатките за претседател секојдневно се јавувала и агитирала за себе , на претседателите на месните за да ја предложет за претседател им нудела вработувања и др. но сепак тие го предлагале актуелниот претседател Науме.
Значајна улога во изборот за претседател ке има и поранешниот претседател Лазе Танески и поранешниот градоначалник Константин Георгиески кој свој фаворити им се Ристе Недески односно Живка Ангелоска.