Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани. Техничкиот премиер Спасовски го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе се поделат околу 100.000 платежни картички со 9.000 денари за купување на домашни производи. А ќе ги добијат невработените со месечни приходи до 15.000 денари, како и граѓаните корисници на гарантирана минимална помош. Ќе може да се користат 30 денови, а за оваа мерка ќе се потрошат 16 милиони евра.
Околу 100.000 млади ќе добијат ваучери и картички вредни 12 милиони евра. Тие од семејства со ниски примања ваучери на 6.000 денари за покривање на партиципацијата на факултетите или за сместување во студентски и ученички домови. Младите ќе може да аплицираат и за платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи. А ќе има и ваучери од 30 000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.
Паричен надоместок ќе добијат и сите работници кои изгубиле работа од 11 март до 30 април дури и ако потпишале спогодбен отказ.
За опоравување на компаните ќе има бескаматни кредити, помош за стартапи и за извозно ориентирани компании, државна гаранција, поддршка за земјоделството.
Вработените на Клиниката за инфективни болести, Институтот и Центрите за јавно здрвје и тимовитена итната помош ќе добијат 20 проценти повисока плата за 2 месеци.
Според Спасовски ова не е предизборен поткуп на гласачи како што обвинува опозицита, туку справување со последиците од Ковид 19.
Третиот пакет тежи вкупно 355 милиони евра. Владата очекува со него да опфати 730.000 корисници.