Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Уставниот суд на денешната седница донесе решение за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците како мерка против влијанието на коронавирусот врз економијата.
Со овие дејствија беше предвидено висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредната состојба да биде во висина на минималната плата од 14.500 денари.
Ова практично значи дека доколку до исплатата на платите во државните институции Уставниот суд не донесе конечна одлука, министрите, директорите, функционерите и судиите ќе земат плата по старо.
Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека било одлучено да биде поведена постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.
Уставниот суд одлучил да поведе постапка и за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.
Притоа, судот донел решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на владините уредби.
Уставност и законитост ќе се оценува и за Уредбата која се однесува на јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во СЈО. Поради ова е донесено решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на ваквата уредба.
Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбите за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба, за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.