Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Четвртоодделенците од ОУ „Братство и Единство“ денес беа во посета на општина Охрид. Во улога на домаќин ги пречека градоначалникот Јован Стојаноски кој во големата општинска сала одговарајќи на прашања од учениците ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.
Учениците беа гости во кабинетот на градоначалникот, а ги посетија и останатите служби на општинската администрација.
Посетите на ученици во општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.