Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Радмила Шекеринска – Министерката за одбрана денеска уште еднаш повтори дека не треба да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период и тоа се однесува на сите функции.
Шекеринска потврди дека сепак останува во СДСМ. Таа потенцира дека не е од оние луѓе, кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија – само како фунционери.
На новинарско прашање дали ќе прифати друга функција и дали ако не добие ќе остане тука или сепак ќе замине во Вашингтон, Шекеринска одговори дека би било несериозно од едно место да се префрли на друго.
– Сето останато три години го слушам и никако да се случи. Би сакала малку повеќе да зборуваме за суштински, реални нешта, а помалку да губиме време на дезинформации и кујнски сплетки, истакна Шекеринска по приемот на донацијата од 100.000 кинески вакцини во поликлиниката „Јане Сандански”.